„Tuttosport“ тврди: Алиоски интересен за Наполи, ќе му биде соиграч на Елмас?

Угледниот италијански медиум „Tuttosport“ пренесува дека Наполи е заинтерсиран во своите редови да го донесе македонскиот репрезнтативец Езгијан Алиоски, кој најверојатно ќе си замине од Лидс на крајот од сезоната.

Ако успее овој трансфер да го реализира клубот од Неапол тогаш Алиоски ќе му се приклучи на колегата од репрезентацијата Елиф Елмас, а на клупата по се изгледа нема да го дочека Џенаро Гатузо кој според италијанските медиуми ќе си замине по завршувањето на сезоната.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.