„Marca“: Македонија ќе биде опасна, тоа се наследниците на Александар Македонски

Силни зборови како најава за дебитантскиот настап на ЕВРО 2020 одекнаа на страниците на угледната шпанска „Marca“ за фудбалската репрезентација на Македонија, а ние ви ги пренесуваме во целост.

„Македонија ќе биде како Пепелашка на претстојниот европски шампионат, но предупредувањето до ривалите не беше мало, со победата на гостински терен против Германија во квалификациите за СП во Катар. Со Пандев на 37-годишна возраст како лидер, наследниците на Филип Втори и на Александар Македонски го искористија планот на УЕФА за помалите селекции да добијат шанса да стигнат до европското првенство. Балканската селекција е единствената што ќе дебитира, стигнувајќи до ЕВРО 2020 благодарение на успехот во Лигата на Нации“, напишаа од „Marca“.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .