„Manic monday“: Од четвртфинале полн капацитет на Вимблдон!

„Централниот“ и „Теренот број 1“ на комплексот во „All Egnland Club“ ќе бидат комплетно отворени за гледачи од четвртфиналните дуели, кои започнуваат утре во култниот „Manic monday“, ден кога се играат сите четвртфинални мечеви од Вимблдон.

„После успешната организација на мечевите во текот на првата недела на Вимблдон во склад со договорот со Владата и со консултација со локалните власти, со задоволство можеме да потврдиме дека „Централниот“ и „Теренот број 1“ ќе бидат отворени со полн капацитет за гледачите од четвртфиналето“, велат организаторите.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.