Dziękuję Polska: Се поклопија коцките, историски пласман на Македонија! (ФОТО) (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одигра последниот меч од квалификацискиот циклус за ЕП 2020. Нашите репрезентативци го победија Израел на арената „Тодор Проески“ со минимални 1-0, а стрелец на погодокот беше Бобан Николов.

Со оваа победа и победата на Полска над Словенија (3-2), нашите репрезентативци за прв пат во историјата завршија на третото место. Останува мала горчина за дуелот против Израел на гости каде што можевме да стигнеме до победата и за двата меча против Австрија кои ги изигравме лошо и загубивме.

Македонија одлично го започна мечот и веднаш покажа дека ги сака сите три бода. Имавме неколку одлични шанси, пречка на Барди од слободен удар, а кон крајот на првиот дел конечно стигнавме во водство кога Бобан Николов искористи еден отпадок.

Во вториот дел им ја препуштивме иницијативата на Изреалците и напаѓавме преку контри. Иако ја држеа топката сепак, гостите немаа некој посериозни шанси. Нашите репрезентативци одлично се бранеа и на крајот стигнаа до заслужена победа. . Овој циклус го завршуваме со 14 освоени бодови, четири победи исто толку порази, два ремија и гол разлика 12-13.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .