„Џезерите“ имаат нов сопственик: Искешира МИЛИЈАРДА ИПОЛ за НБА клубот!

Јута Џез го промени сопственикот откако синоќа за 1.600.000.000 долари овој НБА клуб беше продаден на технолошкиот гигант Рајан Смит.

Одлуката за продажбата на поголемиот дел од акциите ја соопшти досегашната сопственикча Геил Милер која пред 35 години со покојниот сопруг Лери ја купи екипата од Солт Лејк Сити, пренесуваат медиумите од САД.

Со поголемиот акционерски пакет во Јута Џез, Смит стана доминантен сопственик и на „Вивинт Смарт Хоум“ арената во која „џезерите“ ги играат домашните натпревари.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .