Џани ја поништи глупоста на Столе: Македонија спаси бод вреден прво место! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на домашен терен против Грузија и така момците на Игор Ангеловски ја задржаа првата позиција на табелата пред двете последните кола (1-1).

Во првите пет минути од мечот топката беше во посед на гостите кои во 3. минута имаа и корнер. Меѓутоа, на стартот имаше и проблеми за селекторот Владимир Вајс кој поради повреда мораше да го замени Отар Китеишвили, а на негово место влезе Саба Лобзханидѕе.

Во следниот период од првиот дел Македонија ја превзеде иницијативата. Првиот по опасен обид воопшто на натпреварот беше на Горан Пандев во 32. минута, но беше изблокиран. Најсериозната шанса ја имаше токму капитенот десет минути подоцна, но за среќа на Грузија топката помина крај стативата и со 0-0 заврши првиот дел.

Грузијците фуриозно го започнаа второто полувреме. Имаа две опасни шанси, но Димитриевски одлично реагираше. Слично сценарио како во првото полувреме, веднаш по обидите на Грузија, избраниците на Игор Ангеловски ја превзедоа иницијативата, а во 53. минута Бобан Николов упати силен удар од далечина, меѓутоа Лориа одлично интервенираше.

Очекувано, гостите повторно почнаа да напаѓаат од 68. минута кога Столе Димитриевски направи глупост, играше со рака надвор од шеснаесетникот и полскиот судија Барцош Франковски заслужено му додели директен црвен картон.

Во 72. минута Грузијците имаа статива, а само две минути подоцна Квича Кваратшкелија го матираше ново влезениот Дамјан Шишковски. „Жолто – црвените“ не се предадоа, а тоа им се врати со пенал кој прецизно го изведе Алиоски.

Македонија со бодот останува на пол – позицијата. Први сме со шест бода колку што има и Грузија, додекаЕрменија е треба со бод помалку.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .