Џамал Мареј: Сакам да бидам најдобриот кошаркар на светот

Одличниот плејмејкер на Денвер Нагетс, Џамал Мареј за американските медиуми изјави дека неговата цел е да биде најдобриот кошаркар на светот.

Мареј минатата сезона му беше најдобра во кариерата. Просечно бележеше 26,5 поени, 6,6 асистенции и 4,8 скокови.

„Отсекогаш знаев дека ќе бидам овде, во НБА лигата, но сега целта ми е да станам најголемиот. Сакам да бидам најдобриот играч на светот. Тоа е мојот сон. Знаев дека го имам талентот и тоа ми дава уште поголем мотив да станам најдобриот на светот“, истакна Мареј.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .