Џака е подготвен да се откаже од МИЛИОНСКИТЕ бонуси во Арсенал – само за да премине во Рома!

Гранит Џака, швајцарскиот репрезентативец е блиску да се пресели во Рома. Тој одлучил да се откаже од бонусите на Арсенал, само да го засили тимот на Мурињо.

„Специјалниот“ го одредил Џака како приоритет, и понудил 15 милиони евра. Инаку тоа е за 30 милиони евра помалку од сумата која Арсенал му ја плати на тимот на Борусија Менхенгладбах во 2016 година.

„Газета“ пиша дека Џака веќе ги договорил личните услови со тимот на Рома. Ќе потпише четиригодишен договор, по кој ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .