Џака го одбра својот нов клуб

Англиските медиуми тврдат дека Гранит Џака веќе во зимскиот преоден рок ќе си замине од Арсенал. Швајцарецот направи скандал пред неколку недели кога се судри со сопствените навивачи.

Поради тоа, тренерот на клубот Унаи Емери во договор со челниците на „топчиите“ одлучи да му ја одземе капитенската лента, а за нов капитен го назначија Пјер Емерик Обамејанг.

Според последните информации Џака, за свој следен клуб го одбрал италијанскиот гигант Милан. Медиумите на Островот пишуваат дека фудбалерот од средниот ред веќе бара куќа во „градот на модата“.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .