Џабе толку МВП – играчи, кога нема ОИ: Трагедија во Белград, Италија ја елиминираше Србија, „аѕурите“ одат во Токио!

Кошаркарската репрезентација на Италија направи огромно изненадување вечерва во Белград каде што во финалето на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио ја совлада фаворизираната Србија со 95:102.

На сите им е добро познато, Србија е кошаркарска земја! Србите изминатава сезона како никогаш претходно во историјата индивидуално ја освоија Европа и светот. Никола Јокиќ беше избран за најдобар играч во НБА лигата, Ваша Мициќ го доби МВП признанието во Евролигата, додека капитенот Милош Теодосиќ беше најдобар во Еврокупот.

И покрај откажувањето на Никола Јокиќ, Србите важеа за огромни фаворити за пласман на ОИ, меѓутоа сите овие силни МВП – бројки не ги исплашија храбрите „аѕури“ кои без страв истрчаа во салата „Александар Николиќ“ и од самиот почеток го диктираа темпото, го контролираа резултат, а и шутот ги посака, посебно тој за три. Верувале или не, во последната минута ипол пред крајот на првото полувреме постигнаа дури пет тројки во низа.

Апсолутен играч на натпреварот беше Полонара со 22 поени, одличен беше и Манион со 24 поени. Кај „орлите“ најдобар беше Анџушиќ со 27 поени.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.