Ќе беше една од најатрактнивните на ОИ, но направи СКАНДАЛ и остана дома!

Најпознатата австралиска кошаркарка Елизабет Лиз Кембиџ нема да учествува на Олимписките игри во Токио. Оваа информација ја соопштија челниците на кошаркарската репрезентација на Австралија, а причина за оваа нивна одлука се неколкуте инциденти кои ги направила ѕвездата на ВНБА, во текот на тренинг – кампот во Лас Вегас.

Се уште не е потврдено што точно направила Кембиџ за ваква драстична одлука на кошаркарскиот тим на Австралија, кои на Олимписките игри ќе патуваат без својата прва ѕвезда.

Се шпекулира дека дошло до физички контакт, а исто така се наведува дека го кршела протоколот на тимот во Лас Вегас. „ESPN“ тврди дека Кембиџ во текот на еден подготвителен натпревар имала физички судир, како и жестока вербална размена со една противничка кошаркарка.

„Сонот на секој спортист е да игра на Олимписките игри, каде треба да биде на својот врв, дали ментално или физички, а јас во моментов сум далеку од местото каде што треба да бидам. Не е тајна дека во минатото се борев со своите ментални проблеми, а бев и загрижена поради заминувањето на Игрите и „балонот“. Нема семејство, пријатели, навивачи, нема поддршка надвор од мојот тим. Искрено, тоа е застрашувачки за мене“, соопшти Лиз Кембиџ на Инстраграм.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.