Јунајтед ја одреди цената на Погба

Францускиот репрезентативец Пол Погба би можел летово да го напушти англискиот великан Манчестер јунајтед.

За фудбалерот од средниот ред најзаинтересиран е неговиот поранешен клуб Јувентус. „Старата дама“ веќе некое време се интересира за Погба, но јасно е дека нема да дојде лесно до неговиот потпис.

„Ѓаволите“ од друга страна веќе ја одредиле цената за Французинот и таа изнесува околу 80.000.000 евра, без оглед на фактот што неговиот договор истекува наредното лето.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.