Јунајтед „ѓаволски“ го пречека Португалецот: Губитнички кам-бек на Мурињо на „Театарот на соништата“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед во 15. коло од Премиерлигата на домашен терен го совлада Тотнем (2-1). Во центарот на вниманието беше релативно новиот тренер на клубот од Лондон, Жозе Мурињо кој за прв пат се врати на „Олд трафорд“ откако доби отказ од Јунајтед пред една година.

„Ѓаволите“ одлично го започнаа натпреварот и преку Рашфорд во 6. минута дојдоа во водство. Домаќините продолжија во ист стил, напаѓаа, а Тотнем не можеше да се состави со топката. Сепак, кога не се користат шансите следува казната, а „ѓаволите“ ги казни Деле Али по една мајсторија на мал простор израмни на 1-1 во 39. минута.

Веднаш на стартот на второто полувреме драма на „Театарот на соништата“. Пенал за Јунајтед во 49. минута, а прецизен од белата точка беше повторно Рашфорд кој заслужено беше прогласен за играч на натпреварот. Сон неколку минути подоцна имаше шанси да израмни, сепак не беше прецизен, а резултатот остана ист.

Со оваа победа Јунајтед го престигна Тотнем на табелата, па се шести со 21. бод, додека „петлите“ се две места подолу со бод помалку.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .