Јунајтед сопрен во Берн: Јанг Бојс со фантастичен пресврт го поништи голот на Роналдо! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со пораз ја започна новата сезона во елитната Лига на шампиони. „Ѓаволите“ беа совладани од Јанг Бојс во Берн со 2-1.

Клучен момент на натпреварот сигурно беше директниот црвен картон на Ван Бисака во 35. минута, кога Јунајтед веќе водеше со 0-1 со голот на Кристијано Роналдо во 13. минута. Сепак, Швајцарците во вториот дел го искорстија фактот што се со играч повеќе и со голот на Енгамалеу во 66. минута израмнија на 1-1. Победничкиот гол го постигна Сиебатчеу во 95. минута.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .