Јуве тргна по близнаците, но дали вредат 100 милиони евра…

Италијанскиот шампион Јувентус веќе размислува за преодниот рок. „Старата дама“ е заинтересирана за фудбалерот кој им постигна гол и во Торино и во Москва. Станува збор за фудбалерот на Локомотив Москва, Алексеј Миранчук.

Италијанските медиуми пишуваат дека на Јувентус му е потребен фудбалер со неговите квалитети. Сепак, тука има еден проблем. Познато е дека Алексеј не иде никаде без својот брат Антон, неговиот брат близнак кој исто така игра за рускиот гигант.

Локомотив за своите најдобри фудбалери бара дури 100 милиони евра. Од вкупната сума 60 милиони одат за Алексеј, а останатите 40 милиони евра за Антон. Останува прашањето дали двајцата вредат толку и дали „старата дама“ е подготвена да ја искешира оваа сума…

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .