Јуве синоќа беше убедлив, но Пирло е незадоволен

Јувентус синоќа стигна до убедлива победа на гостувањето кај унгарскиот великан Ференцварош во групната фаза од Лигата на шампионите, меѓутоа тренерот на „старата дама“ Андреа Пирло им најде замерки на своите играчи.

„Требаше да одиграме многу подобро. Правевме премногу грешки затоа што мислиме дека сме многу подобри. Разговарам цело време со играчите, но тие ги донесуваат одлуките кога се на теренот. Мораат да бидат малку егоистични и порано да го решаваат натпреварот“, кажа Пирло.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .