Јуве не се откажува: Великанот побара да му се вратат одземените титули!

Долгогодишниот италијански шампион, торински Јувентус започна постапка за враќање на титулите кои му беа одземени (2005 и 2006 година) поради аферата Калчополи. Титулата од 2005. година остана без сопственик, додека таа од 2006. Година му беше доделена на омразениот Интер.

„Во текот на годините превземавме се за да го заштитиме клубот. Чекаме одговор на жалбата која ја поднесовме кон надлежните органи и клубот ќе направи се за да ги врати тие титули“, соопшти „старата дама“.

Јувентус и без овие две титули е убедливо најтрофеен, а според тоа и најголем клуб во Италија со 36 освоени скудета!

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .