Јувентус одби луда понуда за Киеза!

Еден од најдобрите млади напаѓачи во светот, членот на Јувентус, Федерико Киеза, барем уште извесен период ќе биде во Торино, затоа што клубот ја одби понудата за откуп на играчот испратена од страна на Челзи.

Цели 100 милиони ерва е подготвен клубот од Лондон да плати за откуп на Киеза, но Јувентус засега не се сложува со тоа.

Доколку пак Јувентус го промени мислењето, и ја прифати оваа понуда, тоа би бил втор најголем трансфер во историјата на Премиер лигата по оној на Паул Погба, токму од Јуве во Манчестер Јунајтед во 2016 година, кога тимот од Олд Трафорд плати 106 милиони.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .