Реал Мадрид синоќа стигна до убава предност над Ливерпул, пред реваншот на „Енфилд“ во четвртфиналето на Лигата на шампионите. На пресот по натпреварот, тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан беше запрашан за конекциите со Јувентус, клуб за кого играше и клуб со кого го поврзуваат во последниот период.
„Италија ми е во срцето. Поминав пет години во Торино и Јувентус ми е многу важен. Во иднина во Јувентус? За сега сум овде, но ќе видиме што ќе се случи“, не ја отфрли можноста Французинот да седне на клупата на „старата дама“.