Јокиќ ги шокираше Србите: Не сум во можност да играм на Олимписките игри!

Српскиот центар Никола Јокиќ пред нецела недела го доби признанието за МВП на најдобрата кошаркарска лига во светот – НБА лигата, со што ја направи горда цела Србија, но сега кошаркарот на Денвер ги разочара сограѓаните со откритието дека нема да игра на Олимписките игри во Токио.

„На моја голема жал, ова е моментот во кој морам да соопштам дека и покрај огромната желба, не сум во можност да настапам за репрезентацијата. Едноставно состојбата на моето тело бара поголемо отсуство од теренот за да можам што подобро да се опоравам. Ваков е ставот и советот на клубот и ова морам да го прифатам. Сигурен дека момците и без мене имаат квалитет да направат резултат кој на сите нас ќе ни донесе радост“, изјави Јокиќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.