„Језиви“ методи на Хајнце: На играчите им ограничувал пиење вода!

Раководството на американскиот МЛС – лигаш, Атланта јунајтед му врачи отказ на поранешниот аргентински репрезентативец Габриел Хајнце (43) после само 13 натпревари на клупата, а причината за отказот не се само лошите резултати, туку и нехуманото постапување кон фудбалерите на својот тим!

Имено, Хајнце и неговиот тим им ограничувале на играчите количината на вода на тренинзите. Фудбалерите биле исцрпени и затоа морало често да реагира лекарскиот тим. Исто така, Хајнце не им давал слободни денови, а морале и да бидат достапни 24 часа.

„Тактиката и фудбалот се нешто сосема друго. Доста работи се случуваа надвор од теренот, работи кои играчите ги уништуваа ментално“, откри извор на клубот за „Фокс спорт“.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.