Ја пропуштија шансата во полуфиналето: Дончич и Словенците ОСТАНАА без медал!

Кошаркарската репрезентација на Словенија предводена од еден од најдобрите кошаркари на денешницата Лука Дончиќ, не успеаа да освојат медал на Олимписките игри во Токио откако во мечот за бронзата, убедливо загубија од селекцијата на Австралија (107:93).

Сигурно, уште долго ќе ги прогонува полуфиналето против Франција, кое го загубија во самиот финиш од натпреварот. Што се однесува до мечот против Австралија, незадржлив беше плејот на „кенгурите“ Пети Милс кој уфрли дури 42 поени, додека на спротивната страна очекувано, најдобар беше Дончиќ со 22 поени, осум скокови и седум асистенции.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.