Иако е во повозрасни години, Крис Пол прави чудо со Феникс Санс! Одличниот плејмејкер дојде во Феникс после една чудна и тешка сезона, а сега може да испадне херој, ако успее да им ја донесе титулата на Санси, кои со победа го стартуваа големото НБА финале, откако во првиот меч го совладаа Милвоки Бакс (118:105).

На другата страна, Бакси имаа големо засилување во името на првата ѕвезда Јанис Антетокумпо кој се врати по повредата, меѓутоа Пол едноставно беше незадржлив.
CHRIS PAUL IS GOING OFF IN HIS FIRST FINALS GAME 🔥 pic.twitter.com/vpcRgl5PP1
— SportsCenter (@SportsCenter) July 7, 2021
Мечот го заврши со 32 поени со што им се приклучи на Карим Абдул Џабар и на Тим Данкан кои со 36 или повеќе години уфрлиле барем 30 поени. Пол имаше голема поддршка од Кевин Букер кој мечот го заврши со 27 поени, а феноменален беше и силниот центар Деандре Ејтон со 22 поени и нестварни 19 скокови!
На спротивната страна прв стрелец беше Крис Мидлтон со 29 поени, додека Јанис имаше 20 поени 17 скокови.