Јанис и екипата се поклонија пред Трае: Плејот на Атланта со 48 поени ги уништи Бакси! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Атланта направија брејк на гостувањето во Милвоки каде што славеа во првиот меч од финалето на Истокот (113:116).

Бакси едноставно немаа решение за неверојатниот само 22 – годишен плејмејкер на Атланта, Трае Јанг кој мечот го заврши со 48 поени, седум скокови и 11 асистенции. Колинс го следеше со 23 поени 15 скокови, Хуертер имаше 13, а Капела 12 поени, но и 19 скокови.

Во редовите на Бакси, Јанис Антетокумпо мечот го заврши со 34 поени, 12 скокови и девет асистенции, додека Холидеј имаше 33 поени и 10 скокови.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .