Еден од главните играчи на фудбалската репрезентација на Украина, Андриј Јармоленко, пред мечот против Македонија преку Инстаграм им се заблагодари на навивачите за поддршката, а воедно вети дека во следниот меч ќе бидат подобри.
„Вашата верба и поддршка ни даваат сила. Немавме среќа. Ќе бидеме посилни во следниот меч. Кој е со нас?“, напиша Јармоленко.