Ѓоковиќ: Ја остварив целта, а и не ми се играше

Сензација на сезоната се случи на АТП турнирот во Виена каде најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ шокантно, доживеа катастрофален пораз од Италијанецот, Лоренцо Сонего.

Србинот веднаш по натпреварот изјави дека тоа што го осигурал првото место влијаело на неговата игра.

„Да, тоа што го осигурав првото место на крајот од годината имаше големо влијание на мене. Го направив тоа за кое дојдов овде, го обезбедив првото место. Идам понатаму, скроз сум во ред со денешниот натпревар. Здрав сум и само гледам напред, сакам добро да ја завршам годината во Лондон. Не ми се играше денеска“, кажа Новак.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .