Ѓоковиќ ја зголеми предноста на АТП листата во однос на Надал и Федерер

Секој понеделник носи нови промени на АТП листата кога станува збор за тенисерите, а и овој понеделник Новак Ѓоковиќ останува број 1 и покрај скандалозниот настап на АТП турнирот во Виена.

Србинот сега има 11.830 бодови, што е повеќе за разлика од претходната листа. Со учеството во Виена заработи уште 90 бодови. Исто така, за Новак ова беше 293. недела на врвот и така се ближи до рекордот на Роџер Федерер кој 310. недели беше најдобар на светот.

Од најблиските следбеници, Рафаел Надал има 9.850, додека Австриецот Доминик Тим има 9.125 поени, а Роџер Федерер е четврти со 6.630 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .