Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини се судрија во неделата во финалето на Вимблдон. Светскиот број 1 славеше со 3-1 и стигна до 20. Гренд слем титула, а неколку часови подоцна двајцата се сретнале на „Вембли“ каде што се одржуваше финалето на ЕУРО 2020.
Сега Беретини откри што му порачал Новак.
„Се видовме на „Вембли“. Ми кажа: Браво Матео, пред тебе е светла иднина“, откри Италијанецот.