Ѓоковиќ добива „филм“ околу драмата во Мелбурн – Нетфликс е веќе во Австралија!

Целата драма која се одвива во Австралија околу Новак Ѓоковиќ го добива очекуваниот епилог. Според информациите на светските медиуми, познатата компанија Нетфликс веќе пристигнала во Австралија за да направи филм за Новак Ѓоковиќ и се што тој преживеа по пристигнувањето во Мелбурн.

Оваа вест прв ја пренесе Дејли Меил кој тврди дека екипата веќе пристигнала таму и дека се подготвува документарец во вид на серија која ќе има неколку епизоди.

Наскоро ќе бидат познати повеќе информации, додека режисер ќе биде Џејмс Геј Рис кој веќе стекна огромна слава со документарецот за Формула 1 насловен „Drive to survive“.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.