Ѓоковик со поддршка за Осака

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ и пружи поддрка на јапонската тенисерка Наоми Осака која се повлече од Ролан Гарос поради борбата со депресијата и анксиозноста!

Поточно, Осака се повлече откако челниците на паришкиот Гренд слем турнир и ставија до знаење дека ќе биде дисквалификувана ако повторно не се појави пред новинарите. Осака претходно одби да даде изјава за медиумите со образложение дека на тој начин го чува менталното здравје.

„Осака е млади и можам добро да ја разберам и сочувствувам со неа, затоа што и јас многу пати во кариерата го извлекував подебелиот крај со медиумите и знам какво е чувството. Ја подржувам и мислам дека беше многу храбра, затоа што поминува низ тежок период. И посакувам се најубаво и се надевам дека ќе се опорави“, гласеше дел од изјавата на Новак.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .