„Ѓаволски“ добар трансфер: Варан е нов фудбалер на Манчестер јунајтед!

Манчестер јунајтед продолжува со паметните вложувања во трансфер пазарот. После Џејдон Санчо, „ѓаволите“ направија уште еден мудар потег со ангажманот на францускиот репрезентативец, трофејниот Рафаел Варан!

Одличниот дефанзивец пристигнува од редовите на мадридски Реал каде што играше дури 10 години и ги освои сите можни титули, по што дојде до заситеност која влијаеше тој да одлучи да си замине од „Сантијаго Бернабе“.

Реал од трансферот ќе заработи околу 40.000.000 милиони евра кој што можат да се зголемат на уште 5.000.000, доколку се исполнат одредени бонуси. Клубот од Мадрид и Французинот се збогуваа на пријателски начин, а „кралевите“ му се заблагодарија за се што направи во дреост на Реал.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .