Штета! Македонија имаше реми до 78. минута, но Австрија стигна до трите бода! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз дебитираше на Европските првенства откако денеска во Букурешт забележа пораз од селекцијата на Австрија (1-3).

Македонија одлично се покажа и имаше резултат до 78. минута, кога Австријците го решија натпреварот. Поведоа со голот Штефан Лајнер во 18. минута, но Пандев израмни десет минути подоцна.

Сепак, првата ѕвезда на Австријците, Давид Алаба со еден одличен центаршут до Грегориш, кој се снајде одлично ги донесе „домаќините“ во водство, а точка на натпреварот стави Марко Арнаутовиќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.