Штама на „Максимир“: Прво коло и одма СЕНЗАЦИЈА, Славен Белупо го совлада Динамо! (ВИДЕО)

Шокантен старт вечерва имаше хрватското првенство откако шампионот Динамо од Загреб на „Максимир“ сензационално беше совладан од Славен Белупо (0-2).

За „модрите“ од првата минута настапи Стефан Ристовски, додека капитенот Аријан Адеми беше поштеден и остана на клупата за резервни играчи.

Херои на Славен Белупо вечерва беа Иван Крстановиќ кој стрелаше во 50. минута и Бруно Богојевиќ кој стави на точка на натпреварот во 84. минута.

PHOTO: 24sata

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.