Шпанците открија кој ќе ја освои „Златната топка“

Следниот понеделник ќе го дознаеме името на новиот добитник на „Златната топка“. Оваа најпрестижна награда во светот на фудбалот ја доделува „Франс фудбал“, а најголем фаворит годинава за освојување на оваа награда е Вирџил ван Дајк.

Дефанзивецот на Ливерпул имаше сезона за паметење која ја крунисаше со освојување на Лигата на шампионите. Сепак, шпанските медиуми поточно „Мундо Депортиво“ пишува дека наградата ќе ја добие Лионел Меси. Освен овие двајца фудбалери во конкуренција за престижната награда е и Кристијано Роналдо.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .