Фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио денеска беше отворен шокантно, откако фаворитот за златниот медал, селекцијата на Шпанија одигра реми без голови со аутсајдерот Егиепт (0-0).
Но, ова не е крај на лошите вести за „црвената фурија“. Имено, повреди уште во првото полувреме заработија Оскар Мингеза и Дани Себаљос, а се уште не е познато колку ќе отсуствуваат.
Во оваа група се наоѓаат и репрезентациите на Аргентина и Австралија кои мечот ќе го одиграат од 12:30 часот.