Шпанија е втора – оди на Хрватска, Швеѓаните ја заковаа Полска на дното на табелата! (ВИДЕО)

Едно од најголемите разочарување на ЕВРО 2020 кога се ќе се собере дефинитивно ќе биде селекцијата на Полска, која и покрај фаворитската улога (во група со Словачка, Шведска и никогаш послабата Шпанија), не успеа да се пласира во осминафиналето, а денешниот пораз од „викинзите“ (3-2) значи само едно – последно место на табелата!

Кога станува збор за Шпанија, „фуријата“ со убедливата победа над Словачка (5-0) успеа да се пласира во нокаут – фазата, но како второпласирана, па така во осминафиналето ќе игра против Хрватска.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.