Новинарите во САД специјализирани за случувањата во НБА лигата веќе некое време најавуваа спектакл во плеј – ин дуелот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс и не згрешија, а победата ја однесе шампионот – Лејкерс 103:100.
Мечот изобилуваше со пресврти, одлични потези, тешки тројки, а една таква од преку 10 метри на минута до крајот го реши натпреварот. Леброн Џејмс преку големиот ривал Стеф Кари постигна спектакуларна тројка и го постави конечниот резултат.
LEBRON JAMES!!!!!!!!! 👑 pic.twitter.com/xqOkri8VjT
— LakeShowYo (@LakeShowYo) May 20, 2021
„Кралот“ натпреварот го заврши со 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции, Ентони Дејвис имаше 25 поени, додека прв стрелец на мечот беше Стеф Кари со 37 поени.