Шок – терапијата не делуваше: Вардар декласиран и од Веспрем (ФОТО)

Вардар пред само неколку денови го смени тренерот Писионеро кој беше „деградиран“ во асистент, а на негово место седна спортскиот директор Евгениј Кокшаров. Причина за овој потег на „црвено – црните“ беше лошата игра во последно време, а капак на се беше убедливиот пораз од германски Келн на домашен терен во „Јане Сандански“.

Сега и Веспрем си поигруваше со европскиот шампион и победи со огромни 39-30. Вардар беше во егал само во почетните минути, а неколку пати беше и во минимално водство. Сепак, „црвено – црните“ не успеаа да го задржат нивото, а на полувреме отидоа со минус четири (21 – 17).

Исто како на почетокот на мечот, така и во вториот дел Вардар почна солидно и ја преполови негативата. Во тие моменти Криштопанс заработи исклучување, а Унгарците знаеа како да го искористат тоа. Веспрем повторно влезе во ритам и само го зголемуваше водството за на крајот да победи со огромни 39-30.

Дибиров беше најдобар кај Вардар со осум погодоци, пет постигна Дисингер, а три пати прецизно стрелаа Криштопанс и Чупиќ. Кај домаќините Манасков постигна три погодоци, а најдобри поединци беа Лаугре со осум, Нилсон со шест и Ненадиќ со пет погодоци.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .