Шок: Тајрис Рајс ја завршува кариерата?

Шампионот на Европа во 2014. година со Макаби од Тел Авив, кошаркарот Тајрис Рајс најави дека ќе ја заврши богатата кариера. Американскиот плеј ова го изјави по завршувањето на завршниот турнир од кошаркарската Лигата на шампионите, каде го носеше дресот на АЕК од Атина.

„Гледајќи ја целата ситуација и фактот дека син ми оди училиште онлајн, тоа ми беше шансата да го одиграм последниот турнир. Сакав уште еднаш да поминам низ цела рутина, да влезам во соблекувалната, на теренот и да ја слушнам сирената. Се обидов да се фокусирам на секој ден и крајот се ближи“, кажа Рајс.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .