Шок – список на Луис Енрике: Без Рамос на ЕВРО 2020, за прв пат во историјата – нема играч на Реал!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике ја „стресе“ оваа земја, откако го објави списокот на патниците на ЕВРО 2020, на кој верувале или не, не се најде капитенот и икон на „црвената фурија“ – Серхио Рамос!

Енрике оваа одлука ја објасни како тешка, но која морала да се донесе поради фактот што дефанзивецот на мадридски Реал цела сезона имаше проблеми со повредата, па поради тоа не е во најдобра форма.

„Очигледно е дека причина за оваа одлука е што и понатаму не може да тренира со полн интезитет со остатокот од тимот. Одлуката не беше лесна, разговаравме синоќа, ова беше тешка одлука за него, но ја прими како професионалец. Тешка одлука беше и за мене, но секогаш ќе носам одлуки кои се најдобри за репрезентацијата“, кажа Енрике.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .