Шок – снимки на Перез: „Роналдо е БОЛЕСНИК, Мурињо е НЕНОРМАЛЕН“!

Шпанските медиуми објавија шокантни аудио – снимки во кои актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез брутално ги навредува фудбалерите, но и тренерите на овој клуб.

Откако процурија навредите на сметка на Икер Касиљас и Раул Гонзалез, кои ги нарекува преваранти, сега шпанските медиуми објавија нови снимки, во кои на удар се Португалците, Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо.

„Кристијано е луд. Овој човек е идиот, болесник. Мислите дека овој дечко е нормален? Не може да биде нормален кога прави такви работи. Кристијано и Мурињо се со големо его. Двајцата се размазени и одбиваат да ја прифатат реалноста. Да се малку поразлични ќе заработеа повеќе пари. Мурињо не е нормален“, вели Перез во снимките.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .