Шок од Островот: Играч на Евертон обвинет за ПЕДОФИЛИЈА, познат неговиот идентитет?

Англиските медиуми сабајлево не престануваат да пишуваат за скандалот кој се случува во Евертон. Имено, еден од првотимвците на клубот од „Гудисон“ беше уапсен во петокот затоа што полицијата го обвинува за тешко кривично дело – педофилија!

Фудбалерот на Евертон бил уапсен во својот дом и бил во полициска станица на испрашување, а подоцона бил пуштен откако платил кауција, додека полицијата се уште не сака да го открие неговиот идентитет.

Полицијата порача дека се работи за 31 – годишен фудбалер кој игра за првиот тим на клубот од Премиер лигата и дека редовно настапува за својата репрезентација. „Карамелите“ веднаш објавија дека фудбалерот е суспендиран додека не се заврши истрагата.

„Можеме да потврдиме дека еден играч од првиот тим е суспендиран додека не се заврши истрагата на полицијата. Клубот ќе продолжи да им дава поддршка на истражителите за што побрзо да се заврши истрагата“, соопштија од Евертон.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .