Шок од Каталонија: Барселона пред БАНКРОТ!

Водечките каталонски медиуми пренесоа неверојатна информација дека Барселона се наоѓа пред финансиски колапс!

Пандемијата предизвикана од корона – вирусот силно влијаела врз касата на Каталонците, а клубот од „Камп ноу“ веќе нема огромни приливи на дневно ниво.

Фудбалскиот гигант неколку пати се обиде да им ги смали платите на играчите, но предводени од Лионел Меси играчите ги одбиле сите понуди на раководството. Меѓутоа, локалните весници пренесуваат дека сега на Барса и се заканува банкрот доколку играчите не прифатат намалување на платата за цели 30 отсто.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .