Шок од Дебрецин: Кире се повреди – НЕ ИГРА на ЕП!

Ужасни вести ни пристигнуваат од Унгарија. Еден од најдобрите ракометари во историјата, капитенот и селектор на Македонија, Кире Лазаров се повредил на вчеаршниот тренинг и нема да настапи на ова натпреварување.

„Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А. Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели. Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч“, објави РФМ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.