Фудбалерите на Гранада вечерва направија огромна изненадување во Каталонија каде што ја шокираше Барселона за голема победа на „Камп ноу“ (1-2).
Победата е уште од поголем значај ако се знае дека гостите со црвен картон стигнаа до трите бодови во клучен период за Барса, кога се бори за титулата. Домаќините поведоа преку Лионел Меси во 23. минута, а пресвртот се случи во вториот дел.
Прво Дарвин Мачис израмни на 1-1 во 63. минута, додека победничкиот гол го постигна Жорге Молина во 79. минута.
Барселона останува на третата позиција со 71 бод, колку што има и второпласираниот Реал Мадрид, додека лидерот Атлетико има два бодови повеќе на пет кола до крајот.