Шок за Франција: Погба се чувствува навреден и понижен – повеќе не сака да игра за „петлите“!

Светските медиуми денеска на големо пишуваат дека Пол Погба одлучил повеќе да не игра за репрезентација на Франција. Фудбалерот на Манчестер јунајтед ваквата одлука ја донел поради зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Единството и цврстината се единствените одговори на монструозноста на исламистичкиот тероризам“, била една од изјавите на Макрон, кој тврди дека исламот се наоѓа во голема криза.

Овие зборови наводно не му се допаднале на Погба и муслиманите во Франција каде исламот е втора најбројна религија после христијанството. 27 – годишниот играч од средниот ред е познат како религиозен човек, а дали навистина се откажал од дресот на Франција, ќе покаже времето.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .