ШОК за Франција: Карабатиќ повреден – го пропушта СП во Египет, но ОИ во Токио!

Ракометарот на Париз Сен Жермен, француски репрезентативец и еден од најдобрите ракометари на денешницата Никола Карабатиќ доживеа руптура на предниот вкрстен лигамент што значи дека долго време ќе биде надвор од тренажен процес.

„Откако поради повреда мораше да ја напушти играта во саботниот првенствен меч против Иври, врз Никола Карабатиќ беа направи додатни прегледи кои покажаа дека има руптура на предниот вкрстен лигамент на десното колено. Францускиот репрезентативец наскоро ќе мора да замине на операција. Проценките се дека ќе отсуствува неколку месеци“, соопштија од ПСЖ.

Тоа значи дека големи се шансите бекот на ПСЖ да го пропушти Светското првенство во Египет, но и Олимписките игри во Токио.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .