Шок за познатата бодибилдерка: Ја ИСФРЛИЛЕ од авион, затоа што била провокативно облечена?

Познатата турска бодибилдерка Дениз Шајпинар доживеа голема непријатност пред неколку денови, кога поради неприкладната облека не и дозволиле да влезе во авион во САД.

Имено, Дениз (26) е првата женска натпреварувачка во Турција која доби професионален статус во овој спорт, а проблемот настанал кога се обидувала да се префрли од Далас во Мајами, каде што била стопирана.

Како што самата објасни на Инстаграм, во авионот не и било дозволено да влезе поради тоа што имала прекраток шорц, додека ниту горниот дел не бил прикладен.

„Буквално ме исфрлија од авион, ми кажаа дека сум гола и дека им сметам на неколку семејства“, откри Дениз.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.