Познатиот колумбиски напаѓач, Радамел Фалкао доживеа нова тешка повреда на тренингот на Галатасарај, откако се судрил со еден од соиграчите.
Имено, Фалкао се здобил со фрактура на коските на лицето, по што итно бил однесен во болница на детални прегледи и оперативен зафат. Од Галата потврдија дека Фалкао бил опериран синоќа, но се уште не е познато колку тој ќе отсуствува од терените.
Истанбулскиот великан во моментов е на третата позиција во турското првенство, со седум бодови помалку од лидерот Бешикташ, и еден помалку од Фенербахче.