Шок во Токио: Ѓоковиќ елиминиран – фантастичниот Зверев во борба за златен медал!

Новак Ѓоковиќ забележа пораз од Александар Зверев во полуфиналето на Олимписките игри во Токио. Светскиот број 1 го имаше мечот во своите раце, но не успеа да се крене по несфатливиот пад во средината од вториот сет, а Германецот максимално го искористи тоа за победа од 1-2 (16, 63, 61).

Србите сигурно ги боли многу овој пораз, исто и на Ѓоковиќ не му е лесно во моментов, но јасно е дека тешко е да се задржи фокусот во текот на целата година кога се играат главните турнири.

Сепак, никако не смее да се потцени играта на Зверев, меѓутоа јасно е, дека доколку не дојдеше до тој пад, тешко дека дека ќе се играше третиот сет. Германецот во финалето ќе игра против Качанов, додека Новак ќе се судри со Карењо Буста во мечот за бронзениот медал.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.